Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови цивилни жртви во Харков, градоначалникот верува дека ќе го одвратат агресорот

Нови цивилни жртви во Харков, градоначалникот верува дека ќе го одвратат агресорот

Нови цивилни жртви има во украинскиот град Харков. 

Најмалку три лица загинаа, а 16 се повредени во денешното гранатирање на вториот по големина украински град Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов, пренесува Ројтерс.

Претходно, градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека руските сили постојано ги бомбардираат цивилните населби.  Тој изјави дека во изминатиот ден и половина загинале 15 луѓе, а повеќе од 50 се повредени. Терехов е убеден дека украинските сили ќе го одбранат градот. Вели дека Русите напредуваат од север, но верува дека ќе успеат да ги одвратат. 

Цивилни жртви има во многу градови. Во Ирпин се најдени 269 тела. 

Слично

Поврзани вести