Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови бомбашки напади во Либија

Нови бомбашки напади во Либија

Најмалку 25 луѓе загинаа и 30 се повредени во серија бомбашки напади во источна Либија. Извештаите велат дека бомбите биле насочени кон бензинска и полициска станица и кон домот на спикерот на Парламентот, Агила Салах во градот Ал-Кубах. Салах рече дека нападот е одмазда на неодамнешните египетски воздушни напади врз целите на Исламската држава.

Во изјава за телевизијата Ал Арабија Салех изјави дека нападите во градот најверојатно претствауваат одмазда на џихадистите од Исламска држава (ИД) на нападите што египетската авијација ги изврши врз позициите на оваа милитантна исламистичка група, во градот Дерна.

Салех тврди дека бројот на жртвите во нападите во Ал Кубах се „многу поголеми“ од првичните сознанија и навестил дека ќе се прогласи седумдневна жалост.

Слично

Поврзани вести