Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ БОMБАРДИРАЊА: Се бројат жртви во оваа област

НОВИ БОMБАРДИРАЊА: Се бројат жртви во оваа област

Сириската армија и сојузниците ги интензивираа нападите врз градот Дума во Источна Гута. 

Ова се случува еден ден откако во воздушните напади врз последното упориште на бунтовниците во близина на Дамаск беа убиени најмалку 40 луѓе.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека од полноќ врз Гута се извршени повеќе од 30 воздушни напади од сириски и руски воени авиони. Хеликоптерите извршиле најмалку 25 бомбардирања. Опсерваторијата информираше дека се убиени најмалку осум цивили.

Владините сили и сојузниците вчера извршија жестоко бомбардирање врз Дума, во кое, според набљудувачите, загинаа над 40 цивили. Државната новинска агенција САНА објави дека бомбардирањата се одмазда за бомбардирањата на бунтовниците од Џаиш ал-Ислам врз областите под контрола на Владата.

Илјадници луѓе избегаа од Дума во изминатите денови, но евакуацијата беше прекината на 5 април. Од 18 февруари, кога почна владината офанзива во Источна Гута, досега загинаа над 1600 цивили, а уште илјадници се ранети.

Слично

Поврзани вести