Нови банкноти во Белорусија?
Нови банкноти може да се појават во Белорусија, откако Националнта банка на Белорусија изјави дека е можна деноминација на валутата, пренесуваат странските медиуми.
Сепак сеуште не е прецизирано колку нули ќе се избришат од рубљите. Меѓутоа, строго е наведен главниот услов за издавање на нови банкноти – забавување на темпото на годишната инфлација до 12 проценти.
Белорусија е земја на милионери. И покрај економските шокови, во Белорусија во последните години имотот на повеќето граѓани бил со вредност од 9 или повеќе нули, пренесува Гласот на Русија.
Работата е во инфлацијата, која во 2011 година изнесуваше 108 проценти. Односно, вредноста на парите за една година е двојно намалена. Имајќи го во предвид фактот дека и претходно растот на потрошувачките цени беше неоправдан, парите всушност, ја изгубија својата вредност.
Слично
