НОВИ АПСЕЊА ВО ФРАНЦИЈА: Кој се е уапсен последните три дена?
Десет лица се уапсени во рамки на истрагата по осомничените кои со оружје го снабдиле едниот од тројцата напаѓачи врз редакцијата на хумористичниот весник „Шарли Ебдо“ и потоа кошер продавницата, од јануари 2015 година, кога во Париз беа убиени 17 лица.
Тие се уапсени во последните три дена. Цел на истрагата се осомничени за вмешаност во снабдувањето со оружје на Амеди Кулибали, кој во продавница во источниот дел на Париз уби четири лица, а потоа и жена полицаец во друг инцидент.
Калибали беше убиен во престрелката со полицијата.
Тој бил соучесник на браќата Шериф и Саид Куаши, кои во нападот врз „Шарли Ебдо“ убија 12 лица. И тие, исто така, се убиени во пресметката со полицијата, потсетуваат американските медиуми.
Слично
