Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови апсења во Брисел за истрагата против терористите

Нови апсења во Брисел за истрагата против терористите

Двајца мажи се приведени во Брисел по нова истрага на терористичка мрежа, преку која кон Сирија и Ирак се заминува на џихад, објавиле локални медиуми.

Се забележува дека тоа се првите апсења во земјата од јануари по слични обвиненија по антитерористичката операција во Вервие и атентатите во Париз.

Против двајцата уапсени се покренати обвиненија, едниот маж останува во притвор, а другиот е ослободен со мерка за притвор. Сеуште истрагата утврдува колку луѓе биле испратени од страна на двајцата вербувчи во редовите на терористичката група Исламска држава.

Медиумите објавија денеска дека Белгика од мароканско потекло со адреса во Брисел успеала минатата недела да замине за Сирија заедно со две малолетни синчиња. Таа патувала со своите браќа во Амстердам и Турција. Нејзиниот сопруг, останал во Белгија и тоа го дознал со изненадување за отсуството на неговата сопруга и децата, при што додал дека жената била радикализира од преписката на Фејсбук со еден од браќата - џихадист, кој заминал на сирискиот фронт.

Во друга публикација се коментира извештајот на телевизија Франс прес за белгиските џихадисти. Во репортажата на Абу Хамза Белжик кој изјавил пред новинарите по Скајп дека никогаш нема да има безбедност, бидејќи неговите „браќа“ се насекаде по светот, скриени и само чекаат наредба за напад.

За овој маж се знае дека потекнува од Вервие и дека неодамна беше пронајден по интернет од страна на белгиската полиција, бидејќи покрај зголемените мерки за безбедност и тоа дека има досие на криминалец, успеал беспрекорно да ја помине проверката на аеродромот во Брисел на пат за накај Сирија .

Веќе речиси два месеци Белгија е во претпоследниот степен на подготвеност за одговор при терористички напади. По улиците на големите градови патролираат вооружени воени сили, дополнително обезбедување е поставено пред зградите на меѓународните институции во Брисел.

Слично

Поврзани вести