Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 427.000 луѓе во светот се заразени за едно деноноќие

Нови 427.000 луѓе во светот се заразени за едно деноноќие

Нови 427.000 луѓе во светот се заразиле со коронавирус за 24 часа.

Овој податок го соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во последното деноноќие најмногу нови позитивни случаи е регистриран во Северна и Јужна Америка (183.039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172.843 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата бројот на заразени надмина 112,64 милиони луѓе, а починале вкупно 2.501.229 пациенти. САД, Бразил и Индија остануваат на врвот по бројот на заразени. 

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и на тој начин да обезбеди подобра заштита од нови варијанти на коронавирус.

Новата студија ќе ја следи безбедноста и ефикасноста на третата доза во двете возрасни групи. Луѓето од 18 до 55 години ќе учествуваат во едната група, а луѓето од 65 до 85 година во другата група. Тие исто така учествуваа во првичното клиничко испитување на Фајзер.

foto freepik

Слично

Поврзани вести