Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата влада во Чешка ги објави платите на владините службеници во кабинетот на екс-премиерот Петр Нечас

Новата влада во Чешка ги објави платите на владините службеници во кабинетот на екс-премиерот Петр Нечас
Новата чешка владина администрација, која беше именувана на 10 јули, ги стави на увид на јавноста платите кои ги земале поранешните функционери во кабинетотот на премиерот Петр Нечас, кој по аферата за неовластено прислушување и корупцискиoт скандал, поднесе оставка, по што падна и целата влада. Меѓу објавените лични доходи е и оној на поранешната директорка на премиерскиот кабинет, Јана Нагиова, која беше главна осомничена во аферите. Нагиова, на годишно ниво земала основна плата од околу 200.000 евра и плус неколку илјади евра како надомест секој месец. Премиерот Нечас, кусо време пред оставката објави дека се разведува со неговата сопруга со која има четири деца, а по паѓањето од власт призна дека е во врска со Нагиова. Раководителот на кабинетот на претседателот на Владата, Лубомир Поул, минатата година заработил 44.000 евра како основна плата и околу 65.000 евра на име на дневници. Владината администрација ги објави личните догоди, откако долго време беше критикуван начинот на криење на платите на буџетските корисници. - Со постапката сакаме транспарентно да покажеме како се располагало со јавните средства. Високите државни службеници мораат да сметаат на тоа дека нивните плати подлежат на зголемена контрола и не е можно да се кријат бесконечно и верувам дека Владата на тој начин станува поотворена и потранспарентна - изјави новиот раководител на премиерскиот кабинет, Радек Аугустин.
Слично

Поврзани вести