Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВАТА ВАЛУТА НА ВЕНЕЦУЕЛА Е „ФЕЈСЛИФТИНГ“: Илјадници продавници со клуч на врата, нема што да се јаде

НОВАТА ВАЛУТА НА ВЕНЕЦУЕЛА Е „ФЕЈСЛИФТИНГ“: Илјадници продавници со клуч на врата, нема што да се јаде

Венецуела воведе нова валута „суверен боливар“ како би се обидела да ги спаси остатоците на својата економија, а илјадници трговски центри, пекари и супермаркери се затворени“, пишува СиЕнЕн.

Овој екстремен потег на Владата е последица на предупредувањата на ММФ дека инфлацијата до крајот на оваа година би можела да достигне дури милион отсто, како и фактот дека илјадници Венецуелци бегаат од земјата поради недостаток на храна и лекови и се повисока стапка на криминал.

-Историската економска промена почна! Успешно ја прилагодивме целата национална платформа на банките на суверениот боливар. Постигнуваме стабилност со економски и макроекономски мерки за добро на сите Венецуелци-изјавил шефот на државата Николас Мадуро.

Сепак, иако Мадуро зборува за успешно прилагодување, банки како и илјадници други институции и работодавци, последните два дена се затворени како би се префрлиле на новата валута која има пет нули помалку од претходната. Поточно сега, шолја кафе во Каракас повеќе нема да чини 2,5 милиони силни боливри туку 25 суверени боливри. Така, иако многумина сметаат дека продавниците се затворени од протест на сопствениците, всушност се работи за општа загриженост..

Остри критики - новата валута е измама

-Оваа промена може да се изедначи со заминување под нож кај пластични хирурзи во Каракас, изгледот се менува, но тоа е се. Боливарот всушност добива „фејслифтинг“ - смета економистот Стив Хенк кој новата валута ја опишува како измама, а слично мислење има и водачот на опозицијата Енрике Каприлес кој новиот потег на Владата гледа конечна катастрофа.

-Владата се коцка со сите и експериментира на многу неодговорен начин - напишал во есејот во кој го обвинил шефот на државата дека ги „изгладнува сопствените граѓани“.

Со мерката на девалвација на валутата, Владата најави и други економски промени, како раст на минималната плата за 3 000 отсто, раст на ДДВ и намалување на моментално големи даноци за гориво.

Слично

Поврзани вести