Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата унгарска претседателка го осуди Путин и напорите за обнова на Советскиот Сојуз

Новата унгарска претседателка го осуди Путин и напорите за обнова на Советскиот Сојуз

Новата унгарската претседателка Каталин Новак ја осуди руската инвазија на Украина. 

Таа рече дека нејзината прва претседателска посета ќе биде во Полска.  Новак, поранешна пратеничка на Фидес и сојузник на премиерот Виктор Орбан, во март беше избрана на претседателската функција, која е главно церемонијална, непосредно пред Орбан да извојува нова победа на изборите на 3-ти април.

„Ја осудуваме агресијата на Путин, вооружената инвазија на суверена држава. Засекогаш велиме не на сите напори насочени кон обнова на Советскиот Сојуз“, додаде таа.

Унгарската претседателка бара да се расчистат воените злосторства. 

Инаку, унгарската влада посочи колку пари ќе и бидат потребни за всушност да престане да увезува руска нафта, додека официјалните лица во Брисел работат на опции за финансирање за да ја убедат Будимпешта да го поддржи новиот пакет санкции против Русија.

foto reuters

Слично

Поврзани вести