НОВАТА ПРЕМИЕРКА ГИ ЗАТЕГА ПРАВИЛАТА: Британија ги укинува студентските визи
Британската влада подготвува нови ограничувања против имиграцијата, поради сомневањата дека локалните универзитети станаа лесен пат за оние кои сакаат да работат во Велика Британија.
Премиерот Тереза Меј поддржа разговори за ограничување на студентските визи, па само најпаметните и добро подготвени кадри ќе бидат примени во реномирани британски универзитети.
Како министер за внатрешни работи Меј презеде мерки за затворање на „лажните“ колеџи и ограничување на визите за студентите кои пристигнуваат за да изучуваат некои дополнителни едукативни курсеви.
Екипата на актуелниот премиер смета дека дополнителните ограничувања за странските студенти можат значително да помогнат за намалување на нето миграцијата.
Внатрешното и Министерството за образование ќе испитаат што може да се направи за да се затегне визниот режим за студентите.
Предвидено е запирање на луѓето кои одат во Велика Британија, за да завршат т.н.. „Мики Маус“ курсеви во нискоразредни институции, ограничувања за универзитети кои нудат свои курсеви како можност за студентите да работат во Велика Британија, како и сите понатамошни чекори за да е сигурно дека странските студенти ќе се вратат дома, откако го завршат своето образование.
Министерството за внатрешни работи проценуваат дека 1 на секои 5 странски студенти го надминува дозволениот период за престој и продолжува да живее во Велика Британија долго по завршувањето на своето образование.
Планот, кој сеуште е во рана фаза, се појави по скандалот со одржување на посветеноста на Владата за намалување на нето миграцијата до под 100 илјади лица.
Министерот за надворешни работи, Борис Џонсон и внатрешниот Амбер Руд изгледа се спротивставија на оваа цел, но премиерот Меј интервенирала и потврди дека владата ќе ја постигне замислата.
Како министер за внатрешни работи во владата на Дејвид Камерон Тереза Меј редовно влегуваше во судири со колегите поради обидите да се ограничи миграцијата, потсетува „The Telegraph“.
Нејзините активности сретнаа категорични противници во лицето на веќе поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн и високи функционери во Министерството за економија и иновациите, свртени на странските студенти, како нешто добро за економијата и универзитетите кои ги оданочуваат со повисоки семестриални такси.
Двете министерства се обидуваа да ги олеснат правилата за издавање на студентски визи со отстранување на учениците од официјалната имиграциона статистика.
Британскиот финансиски завод пресмета дека дополнителни 55 илјади странски студенти годишно ќе пристигнуваат во земјата, како што вкупниот број на овие имигранти од земјите надвор од ЕУ ќе достигне 320 илјади до 2020 година и ќе и донесе на економијата уште 1 милијарда фунти.
Со доаѓањето на власт Меј го отпушти Озборн и го растури економскиот завод. Универзитетите брзо беа префрлени на Министерството за образование, предводено од новиот министер Џастин Грининг, која е меѓу најверните сојузници на премиерот.
Највлијателниот советник на Меј Ник Тимоти исто така, повика за дополнителни активности за зајакнување на режимот со студентски визи. Тој предупреди дека„великодушноста на нашите правила за издавање студентски визи“ ја прави зацртаната цел за нето миграција „речиси невозможна за постигнување“.
Веќе во улога на шеф на кабинетот на премиерот, Тимоти смета дека во оценките за економското влијание на странските студенти не треба да се занемарува создадениот напон во пронаоѓањето на домување и јавните услуги.
Нето миграција - разликата помеѓу оние кои заминуваат од Обединетото Кралство и оние кои пристигнуваат во него - меѓу учениците надвор од Европа е 93 илјади лица. Вкупната нето миграција е блиску до минатогодишниот рекорд од 335 илјади лица.
Додека Велика Британија е членка на ЕУ, учениците од другите земји членки немаат потреба од визи.
