Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата мутација на делта сојот е детектирана и во САД

Новата мутација на делта сојот е детектирана и во САД

И во САД e идентификувана новата мутација на делта сојот на коронавирусот. 

Присуството на подвидот на делта варијантата на коронавирусот означена со AY4.2, првично идентификувана во Велика Британија, е потврдено и во САД, но нема докази за негови кластери или за зголемување на бројот на заразите. 

Вчера израелското министерство за здравје соопшти дека оваа нова варијанта е идентификувана и во Израел. Единесетгодишно дете од Европа било носител на оваа подваријанта а било идентификувано на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив и е сместено во карантин, наведува министерството, додавајќи дека од тогаш не е потврдени ниеден друг случај. Експертите го проучуваат овој подвид на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести