Новата година пристигна во Самоа, Кирибати, Нов Зеланд, Австралија
Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Австралија први влегоа во новата година.
Во Окленд имаше светлосно шоу наместо огномет. Новата година стигна и во Австралија. Сиднеј понуди спектакуларен огномет но за разлика од лани овојпат имаше публика на пристаништето. На новогодшната ноќ годинава празен нема да остане ниту славниот Тајмс Сквер во Њујорк. Но, таму можат да се забавуваат само вакцинираните.
Новата 2022 година беше пречекана во делот на Русија кој припаѓа на временската зона Владивосток. Во таа зона се наоѓаат Владивосток и Хабаровск, најголемите градови во источна Русија.
Повеќето светски и европски метрополи се откажаа од огнометите, но и од јавните дочеци.
Слично
