Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата година го означи стартот на функционирањето на Евроазискиот сојуз

Новата година го означи стартот на функционирањето на Евроазискиот сојуз
Русија, Белорусија и Казакстан по примерот на европските држави на први јануари 2012 година ја создадоа Единствената економска зона или заеднички пазар, а со отпочнување на новата 2015 година почнува да функционира и Евроазискиот економски сојуз. Парламентот на Ерменија на 4 декември минатата година го ратификува договорот за приклучување на земјата кон овој сојуз и од утре таа ќе стане полноправен член, а Киргистан се очекува официјално да се приклучи во мај, откако на 23 декември потпиша договор за присоединување. Основа за Евроазискиот економски сојуз беше создавањето на Царинскиот сојуз на Евроазиската економска зона за зајакнување на економиите на земјите-членки и нивно зближување, како и за модернизирање и зголемување на конкурентноста на државите во него на светскиот пазар. Земјите од сојузот планираат да ја продолжат својата економска интеграција во текот на следните години.
Слично

Поврзани вести