Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВАК НЕ Е РИЗИК ЗА АВСТРАЛИСКИТЕ ГРАЃАНИ-НАЈНОВИ ДОКУМЕНТИ: Што достави австралиското министерство за здравство до судот

НОВАК НЕ Е РИЗИК ЗА АВСТРАЛИСКИТЕ ГРАЃАНИ-НАЈНОВИ ДОКУМЕНТИ: Што достави австралиското министерство за здравство до судот

Надлежните од австралиското Министерство за здравство во официјалната документација доставена до Судот посочуваат дека Новак Ѓоковиќ не претставува опасност за државата.

Претходно беше објавено дека Ѓоковиќ добил позитивен тест за коронавирус на 16 декември, а негативен на 22 декември.

Тој е асимптоматски од 27 декември, па прашање е како може да биде закана за околината.

„Користејќи ги горенаведените претпоставки, можеме да потврдиме дека Новак Ѓоковиќ бил заразен со корона вирусот, па иако не бил вакциниран, тоа значи дека е заштитен од ковид во следните неколку месеци“, се наведува во судските документи.

Неговиот негативен тест кој го доби на 22 декември покажува и дека се заразил со вирусот и дека има антитела, се посочува.

„Не е голема веројатноста да биде опасен, затоа цениме дека тој не е ризик за жителите на Австралија“, се наведува во судските документи.


Слично

Поврзани вести