Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВАК ЃОКОВИЌ ОДИ НА ВИМБЛДОН, ЌЕ ЈА БРАНИ ТИТУЛАТА: Британската влада ги промени правилата за влез

НОВАК ЃОКОВИЌ ОДИ НА ВИМБЛДОН, ЌЕ ЈА БРАНИ ТИТУЛАТА: Британската влада ги промени правилата за влез

Најдобриот светски тенисер од февруари нема да има проблеми за влез во Велика Британија, каде владата усвои нов сет на правила поврзани со патувањата. Строгите правила за влез во земјава сега се драстично либерализирани.

Од 11 февруари па натаму, невакцинираните ќе можат да влезат во Британија, што практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да дојде во Лондон и да игра на Вимблдон, кој е на програмата од 27 јуни. Ова во британскиот парламент го соопшти Грант Шарпс, државен секретар за транспорт.

-Ќе ги прекинеме сите тестирања за корон авирусот на целосно вакцинирани лица кои пристигнуваат во Англија од 11 февруари наваму. Оние кои ќе пристигнат во Англија, но не се целосно вакцинирани, ќе треба да направат тест пред поаѓање и ПЦР тест два дена по пристигнувањето во Англија. Сите патници сепак ќе мора да ги пополнат потребните формулари, се вели во соопштението на Шарпс.

Тој ја искористи можноста и да ја нагласи важноста на мерките кои Владата ги презеде во претходниот период за да се овозможи либерализацијата од наредниот месец.

-Фактот што ги донесовме вистинските одлуки во вистинско време во однос на вакцините и бустерите сега значи дека ќе бидеме еден од најотворените сектори за патување во Европа“, се пофали тој.

Новак минатата година ја освои титулата на Вимблдон со победата во финалето над Матео Беретини, а иако годинава не можеше да игра на Австралија опен, од Австралија пристигнаа добри вести.

Доколку се појави на Вимблдон, Новак ќе се обиде да ја освои седмата титула на тој турнир. Првпат трофејот го освои во 2011 година, а последен пат во 2021 година.


Слично

Поврзани вести