Новак Ѓоковиќ доби ослободување невакциниран да настапи во Австралија
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен откако доби дозвола за ослободување од вакцинација против Ковид-19.
Неизвесноста околу настапот на Ѓоковиќ на Австралија Опен кој започнува на 17. јануари траеше до сега, бидејќи условот за настап на гран слем турнирот е тенисерите и тенисерките да бидат вакцинирани против коронавирус. Ѓоковиќ во неколку наврати изјави дека прашањето околу вакцинацијата е приватна работа и нема да зборува јавно за тоа.
Според него, тој добил медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус. Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари и ќе трае до 30 јануари.
Сепак, на две недели пред почетокот на првата Грен слем сезона, Ѓоковиќ доби лекарско ослободување и потврди дека патува за Австралија каде ќе се обиде да стане најтрофејниот Грен слем играч во историјата на тенисот.
Тој ќе се обиде да ја освои јубилејната десетта титула во Мелбурн, четврта во низа.
