Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова зделка на САД за оружје тешка 10 милијарди долари?

Нова зделка на САД за оружје тешка 10 милијарди долари?

 Оружје во вкупна вредност од 10 милијарди долари САД планираат да извезат во Израел и земјите од регионот на Персискиот залив, пренесоа руските медиуми.

„Ова е една од најсложните и внимателно разработени зделки за продажба на оружје во американската историја“, соопштија воени претставници на САД, во пресрет на заминувањето на министерот за одбрана Чак Хејгл во овој регион.

Тој треба да ги посети Израел, Јордан, Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде меѓу разгледуваните теми ќе бидат ситуацијата во Сирија и нуклеарната програма на Иран.

Инаку извозот на оружје и воена техника од САД достигна рекордно високи 70 милијарди долари во 2012 година.
Слично

Поврзани вести