Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ЗАГРИЖЕНОСТ: Кај починати пациенти откриени и алфа и бета сојот на коронавирусот

НОВА ЗАГРИЖЕНОСТ: Кај починати пациенти откриени и алфа и бета сојот на коронавирусот

90-годишна Белгијка, која починала откако се разболела од Ковид-19, била заразена со алфа и со бета варијанта на коронавирус во исто време, велат истражувачите.

Невакцинираната жена била примена во болницата ОЛВ во градот Алст во март и истиот ден била потврдена позитивна на Ковид-19.

Додека нејзините нивоа на кислород првично биле добри, нејзината состојба брзо се влошила и починала пет дена подоцна.

Откриено е дека таа ги носи и алфа и бета сојот на коронавирусот..

„И двете варијанти циркулираа во Белгија во тоа време, па веројатно е дека дамата е ко-инфицирана со различни вируси од двајца различни луѓе“, изјавил молекуларниот биолог Ана Ванкерберген од болницата ОЛВ, која го водела испитувањето.

„За жал, не знаеме како се заразила, вели таа

Ванкерберген рече дека е тешко да се каже дали ко-инфекцијата имала улога во брзото влошување на состојкбата на пациентот.

Истражувањето, кое сè уште не е доставено до медицинско списание за објавување, е презентирано на Европски конгрес за микробиологија и заразни болести.

Додека Ванкерберген вели дека немало „други објавени случаи“ на слични ко-инфекции, таа додала дека „феноменот е веројатно потценет“.

Ова беше заради ограничено тестирање за варијанти кои ве интересираат, рече таа, повикувајќи на зголемување на употребата на брзо испитување на ПЦР за откривање на познати варијанти.

Во јануари, научниците во Бразил објавија дека две лица биле истовремено заразени со два различни соја на коронавирусот, но студијата допрва треба да биде објавена во научно списание.

Лоренс Јанг, вирусолог и професор по молекуларна онкологија на Универзитетот во Ворвик, рече дека не е изненадување да се најде индивидуа заразена со повеќе од еден вид.

„Оваа студија ја потенцира потребата од повеќе студии за да се утврди дали инфекцијата со повеќе варијанти на загриженост влијае на клиничкиот тек на Ковид-19 и дали тоа на кој било начин ја компромитира ефикасноста на вакцинацијата“, рече тој.

Извор Гардијан

Слично

Поврзани вести