Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова тревога на Островот по „Брегзит“ - трговијата со ЕУ

Нова тревога на Островот по „Брегзит“ - трговијата со ЕУ

Повеќето Британци сакаат приоритет при „Брегзит“ да биде даден на трговијата со ЕУ, а не на миграцијата. Ова го покажуваат резултатите од анкета, цитирана од Ројтерс.

Британците гласаа со 52 наспроти 48 проценти на референдум во јуни да ја напуштат ЕУ по кампања, во која оние кои агитира за „Брегзит“ се фокусираа во прилично голема мера врз миграцијата и ветуваа дека преку напуштање на ЕУ таа ќе може полесно да биде намалена.

Владата се очекува формално да ги започне преговорите за излез до крајот на март. Предизвикот пред него е да обезбеди што е можно поголем пристап до единствениот пазар на Унијата, додека ја ограничи слободата на движење на нејзините граѓани, еден од главните столбови на единствениот пазар.

Во истражувањето на компанијата за истражување на пазарот „Комрес“, кое е спроведено во периодот 12-13 октомври со учество на 2000 испитаници, 49 проценти од анкетираните сакаат владата да даде приоритет на склучувањето на поволни трговски договори, додека 39 проценти сметаат дека предноста треба да биде за намалување на миграцијата.

Има сериозна генерациска разлика во одговорите на испитаниците. 48 проценти од постарите луѓе сакаат приоритет да биде контролата над миграцијата, додека само 25 проценти од младите луѓе го делат тоа мислење, покажува истражувањето кое е по нарачка на весниците „Сандеј мирор“ и „Индипендент он сандеј“.

Ова се одразува на резултатите на самиот референдум кога доста поголем дел од возрасните, отколку од младите гласачи, гласаа за „Брегзит“.

Германскиот канцелар Ангела Меркел вчера изјави дека Велика Британија не може да добие отстапки од слободата на движење и истовремено да задржи целосен пристап до единствениот пазар, бидејќи така и други земји ќе го побараат истото.

Нејзините мисли ги повтори и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој рече дека одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ не смее да го загрози принципот на слободно движење.


Слично

Поврзани вести