НОВА СТРАТЕГИЈА: САД почнаа воздушни напади врз Исламската држава!
САД го покренаа првиот возудешн напад врз силите на т.н. Исламска држава во рамките на новата стратегија со која сака да ја порази оваа радикална група, објави Би-Би-Си. Воени извори од САД наведуваат дека во првиот напад била уништена позиција на џихадистите југозападно од Багдад, од каде тие вршеле напади врз ирачките безбедносни сили.
Воздушниот напад беше лансиран пет дена откако американскиот претседател Барак Обама го најави новиот план со кој има намера целосно да ја уништи Исламската држава.
Истовремено, во целиот свет се подготвува широка коалиција против радикалната исламистичка група. Џихадистичката Исламска држава изворно потекна од Сирија, но зазеде огромна територија во западен и северен Ирак и во моментот контролира подражја и во двете земји.
„Воздушниот напад југозападно од Багдад е прв во рамките на планот за ширење на напорите со кои настојуваме да ги заштитиме луѓето и хуманитарните мисии од ИСИЛ, како што минатата недела истакна претседателот на САД“, стои во соопштението од американската Централна команда.
Претходно, во текот на август, американските воздухопловни сили веќе изведоа 160 воздушни напади врз позиции на ИСИЛ, за да ја обезбедат инфраструктурата и да им помогнат на ирачките безбедносни сили и ирачките бегалци.
Слично
