Нова снежна бура го зафати североистокот на САД
Жителите на американскиот регион нова Англија, кои уште не се опоравија од три големи бури зад кои во бројни области останале два метра снег, се подготвуваат за ново невреме.
Американската Национална метеоролошка служба објавила предупредување на невреме од Кејп Код до брегот на Мејн.
Спред наводите на метеоролозите бурата би можела да донесе метар и повеќе снег во повеќе области, и удари на ветер со брзина до 112 километри на час.
Еден од метеоролозите оценил дека се подготвува „чудесна бура“ и дека веројатно ќе донесе невреме на брегот на Нова Англија.
„Силните врнежи нема да бидат обилни како во текот на претходните бури, но кога прекривката била длабока 15 и 30 сантиметри и само може да донесат проблеми“,истакнал метеорологот.
