Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова смрт од ебола во Европа: Вработен во ОН починал во Германија

Нова смрт од ебола во Европа: Вработен во ОН починал во Германија

Работник на ОН заразен со ебола почина денеска во Германија.

Пациентот се лечел во клиниката Сент Георг во Лајпциг, а борбата за живот ја изгубил во утринските часови, објавил Дер Шпигел.

Се заразил во Либерија.

Светската здравствена организација епидемијата на ебола ја опишува како „најтешка здравствена криза во модерната историја“. Соединетите Држави и Обединетото Кралство воведоа строги контроли на патниците во аеродромите.

Според податоците на СЗО смртоносниот вирус досега во светот однел преку 4000 животи.

Еболата најтешко ја погоди Либерија, каде починале преку 2300 лица. Во Сиера Леон умреле преку 900, а во Гвинеја речиси 800 личности.

Од ебола починале девет лица во други држави, вклучувајќи го САД, Шпанија, Сенегал, Нигерија а сега и Германија.

СЗО, која собира податоци од здравствените власти, истовремено објави сомнение на повеќе од 8500 случаи на зараза.

Слично

Поврзани вести