Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА РИГОРОЗНА МЕРКА ВО ФРАНЦИЈА: Сите ќе мора да носат медицински маски

НОВА РИГОРОЗНА МЕРКА ВО ФРАНЦИЈА: Сите ќе мора да носат медицински маски

Француската влада ќе воведе уште една мерка против ширењето на пандемијата на коронавирусот, а тоа е задолжително носење медицински маски и покрај уверувањето од пред две недели дека тие мора да бидат чувани само за болните и здравствените работници.

Таму се препорачуваат т.н. алтернативни маски кои се изработени од ткаенина и служат за заштита од плунка

-Тие се наменети за оние кои доаѓаат во контакт со многу други луѓе. Во моментов се работи на нивна изработка. Целта е да се произведуваат повеќе од 5 милиони неделно, велат од француското министерство за здравство.

Постои и упатство за употреба, така што бидејќи се изработени од ткаенина, треба да се избегнува контакт со други површини, да се перат во машина на 60 степени или 30 минути да се стават во рерна на 70 степени.

Но, СЗО се уште смета дека маските се само за болните, истовремено предупредува дека преголемата употреба на маските ќе им даде погрешно чувство за безбедност на граѓаните, со што ќе заборават на социјалното дистанцирење и миењето раце.


Слично

Поврзани вести