Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА РАЦИЈА ВО БРИСЕЛ, НОВИ ЕКСПЛОЗИВНИ ОТКРИТИЈА: Полицијата повторно упадна во Европскиот парламент

НОВА РАЦИЈА ВО БРИСЕЛ, НОВИ ЕКСПЛОЗИВНИ ОТКРИТИЈА: Полицијата повторно упадна во Европскиот парламент

Полицијата во Брисел денеска започна нова серија рации поврзани со корупцискиот скандал поради лобирањето на Катар во ЕУ, потврди белгискиот федерален обвинител. Поради корупцискиот скандал веќе е уапсен еден висок пратеник во Европскиот парламент, потпретседателката Ева Каили, но сега постои можност истрагата да се прошири и на други лица.

Обвинителите потврдија дека досега претресле 19 резиденции и канцеларии, како и бројни пратенички канцеларии. Уапсени се вкупно шест лица, а четворица се уште се во притвор. Во хотелска соба во Брисел е запленет куфер полн со готовина во кој имало неколку стотици илјади евра, додека во куќа биле откриени уште 600 илјади евра.

„Ќе се соочиме со овој тест“

Обвинителите рекоа дека целта на најновите рации била брзо да се најде компјутерска опрема што ја користеле вработените во Парламентот за да се спречи бришење на податоците. Тие потврдија дека четворицата осомничени кои се уште се во притвор ќе се појават пред суд во среда, пишува Политико.

Во скандалот се вмешани и Франческо Џорџо, партнер и советник на Каили во Парламентот, и Пјер Антонио Панцери, истакнат поранешен пратеник во Европскиот парламент, кој ја предводи невладината организација „Борба против неказнивоста“, која се пофали со блиски врски со левичарски политички фигури.

Експлозивните откритија го потресоа Брисел, а официјалните лица нервозно се прашуваат кој би можел да биде следниот. Темата доминираше и во денешните разговори во ходниците на Парламентот во Стразбур, каде претседателката на парламентот Роберта Мецола вети дека ќе започне целосна истрага. „Ќе се соочиме со овој тест директно, нема да има прошка. Никому“, јасна беше Мецола.

ФОТО: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Слично

Поврзани вести