Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Британска полиција влезе во руски авион

НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Британска полиција влезе во руски авион

Британската полиција го претресла рускиот авион А-321 на компанијата „Аерофлот“, кој долетал од Москва во Лондон. 

Реагираше и руското МНР,  од каде соопштија дека тој чин е „нова провокација“. Како што пренесува „Спутник“, според зборовите на очевидците, откако патниците го напуштиле авионот, во него ненадејно влегла полицијата и инсистирала посадата да го напушти леталото, за да може без екипажот да го прегледа авионот. Се додава дека посадата тоа го одбила, но полицијата продолжила со претресувањето. 

Портпаролката Марија Захарова изјавила дека тоа е уште една во низата провокации од британските власти. 

Лондон и Москва ги затегнаа односите деновиве поради случајот со труење на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Солсбери. Британија поради тоа протера 23 руски дипломати, а Москва одговори со реципроцитет. 

Слично

Поврзани вести