Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова програма за клауд технологија на Интел

Нова програма за клауд технологија на Интел
Со цел да им помогнат на организациите да донесуваат подобри и поинформирани одлуки за купување и да обезбедат оптимален перформанс за нивните клауд апликации, корпорацијата Интел ќе соработува со 16 испорачувачи на клауд услуги (CSP) од целиот свет и ја прикажува програмата „Intel® Cloud Technology“. Оваа иницијатива, која е прва од ваков вид, ќе им овозможи на корисниците на клауд услуги јасен увид во технологијата која ја користат испорачувачите пред да купат било какви услуги. Приходот од инфраструктурата како услуга (IaaS) се очекува да порасне 41 отсто годишно до 2016 година и сé повеќе компании размислуваат за пренесување на ИТ услугите надвор од компанијата и затоа технологијата зад клауд услугите и апликациите е поважна од било кога. Испорачувачите кои учествуваат во програмата на Интел ќе се препознаваат по значката „Powered by Intel® Cloud Technology“, каде перформансот и безбедноста на хардверот се транспарентни за крајниот корисник. Оваа програма на Интел е само продолжение на соработката која беше најавена минатиот септември помеѓу „Амазон Веб Услуги“ (AWS) и Интел за прикажување на придобивките околу спецификациите, перформансот, квалитетот и безбедноста на заедничките производи. „Исто како при изборот на возило, моторот кој раководи со клауд услугата драстично влијае врз работата и ефикасноста,“ изјави Џејсон Ваксман, потпретседател на Групацијата за центри на податоци и генерален директор на Групацијата за клауд платфоми во Интел. „Потрошувачите за клауд услуги сакаат да знаат каква технологија управува со нивните апликации зашто тоа има директно влијание врз нивната работа. За прв пат, корисниците ќе имаат транспарентност и ќе одбираат од технологиите кои се оптимални за работа на клауд серверот.“ Добиени се извештаи дека хетерогена инфраструктура на клауд средината може да резултира со варијација на перформансот помеѓу 40 и 60 отсто. „Клучниот фактор за флексибилност, продуктивност и прилагодувањата кои треба да се направат при користење на јавниот клауд сервер е изборот на квалитетен испорачувач со перформанс и можности на платформата кои ги задоволуваат конкретните потреби,“ изјави Дон Витингтон, Директор за информатичка технологија во „Флорида Кристалс“. „Нашиот испорачувач „Virtustream“ учествува во програмата на Интел и сме свесни за хардверот кој ги овозможува услугите што ги купуваме и може да правиме подобар избор со цел да се осигураме дека имаме оптимален перформанс на работа за нашата инвестиција.“ Покрај Virtustream (САД); Canopy, ATOS (Велика Британија); Cloud4com (Чешка); CloudWatt (Франција), Expedient (САД); KIO Networks (Мексико); KT (Кореја); LocaWeb (Бразил); NxtGen (Индија); Online.net (Франција); OVH (Франција); Rackspace (САД); Savvis, компанија од CenturyLink (САД); Selectel (Русија); Telefonica (Латинска Америка); и UOLhost (Бразил) се пријавени за програмата.
Слично

Поврзани вести