Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ПОНУДА ЗА РЕТКИТЕ МИНЕРАЛИ НА УКРАИНА - и ЕУ понуди договор за природните богатства, го нарекоа „win-win“ предлог

НОВА ПОНУДА ЗА РЕТКИТЕ МИНЕРАЛИ НА УКРАИНА - и ЕУ понуди договор за природните богатства, го нарекоа „win-win“ предлог

Европската унија во понеделникот и понуди сопствен договор за „критичните материјали“ на Украина, токму кога американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Вашингтон е блиску до склучување договор со Киев за правата над нивните огромни природни ресурси.

Европскиот комесар за индустриска стратегија Стефан Сежурне рече дека ривалскиот предлог им го доставил на украинските официјални претставници со кои се сретнал во Киев за време на посетата на Европската комисија за одбележување на третата годишнина од целосната инвазија на Русија, пишува „Политико.еу“.

„Дваесет и еден од 30-те ретки материјали што и се потребни на Европа може да бидат обезбедени од Украина во партнерство кое ќе биде добро за сите, вин - вин ситуација (победа-победа)“, рече Сежурне, пренесе АФП.

И тој истакна: „Додатната вредност што ја нуди Европа е дека ние никогаш нема да бараме договор што не е заемно корисен“.

Трамп направи поагресивни чекори кон Украина за правата на нејзините минерални богатства, барајќи дури 500 милијарди долари како компензација за поддршката на Вашингтон за Киев во одбраната на инвазијата на Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј досега одби да потпише два нацрт-договори предложени од администрацијата на Трамп, велејќи дека условите - за кои Њујорк Тајмс објави дека вклучува откажување од Киев од приходите од минерали, нафта и гас, плус заработка од пристаништата и друга инфраструктура во износ од 500 милијарди долари - се премногу сурови.

„Нема да потпишам договор кој ќе треба да го исполнуваат и враќаат следните 10 генерации Украинци“, рече Зеленски на прес-конференција во неделата.

Но, Трамп во понеделникот инсистираше на тоа дека „конечниот договор“ е „многу блиску“ и дека ќе вклучува „ретки земји и разни други работи“.

Украина има огромни наоѓалишта на некои од критичните елементи и минерали, од литиум до титаниум, кои се од витално значење за производство на модерни технологии и многу посакувани во глобалната трка по ресурси.

Исто така, има огромни резерви на јаглен, како и нафта, гас и ураниум, но голем дел од тоа е на територии под руска контрола.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести