НОВА ПЕСОЧНА БУРА: Загинаа голем број луѓе
Во последната песочна бура која ја зафати Индија загинаа 23 луѓе, а повредени се над 40. Со тоа бројот на загинати во слични временски непогоди во последните неколку дена се искачи на 157.
Невремето проследено со ветер со брзина од 70 километри на час уништило десетина домови и урнало дрвја и далеководи во сојузната држава Утар Прадеш, на северот на Индија. Во оваа земја загинале најмалку девет лица, а повредени се 23.
Во главниот град Њу Делхи настрадале две лица, а 18 се повредени.
Но, и на истокот на Сирија, во близина на реката Еуфрат, голема песочна бура ја спречи борбата.
Слично
