Нова офанзива на проруските сили на истокот од Украина
На истокот од Украина започна нова масовна офанзива на проруските сили, соопштуваат украински претставници и претставници од проруските сили.
„Руските терористички групи суштински ги прекршиле сите претходни договори за прекин на огнот ... и денес тргнаа во активна офанзивна операција“, рекол шефот на украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана Александар Турчинов на седницата на владата.
„Станува збор за активни единици на руските вооружени сили“, истакнал тој.
Лидерот на проруските сили во Доњецк Александар Зараченко рекол денес дека тој нема повеќе да се залага за нови мировни разговори со Киев и предупредил дека неговите сили започнале офанзива со цел ширење на нови територии.
„Нашата страна нема веќе да инсистира на никакви мировни разговори“, рекол Зараченко.
„Ќе напредуваме до крајните граници на доњецката покраина“, додал тој.
Судирите на истокот се интензивираа уште во јануари.
Киев и Москва се обвинуваат едени за други за неуспехпт на примените на договорот за прекин на огнот договрен минатиот септември во Минск, како би се завршил конфликтот на Истокот од Украина, според проценките на ОН, од април минатата година, загинале 4700 лица.
