НОВА ОДЛУКА НА ТУРЦИЈА: Властите воведоа мерки за максимално намалување на финансиските последици по земјотресот
НОВА ОДЛУКА НА ТУРЦИЈА: Властите воведоа мерки за максимално намалување на финансиските последици по земјотресот
Турција денеска започна шема за привремена поддршка на платите и забрани отпуштања во 10 градови за да ги заштити работниците и бизнисите од финансиските последици од разорните земјотреси што го погодија југот на земјата на почетокот од овој месец.
Работодавачите чии фирми или работни места се „тешко или умерено оштетени“ ќе имаат корист од оваа помош во смисла дека ќе можат делумно да ги покријат платите на вработените на кои им е намалено работното време, објавено е денеска во Службен весник.
Исто така, воведена е забрана за отпуштања во 10 провинции погодени од земјотресот, кои се опфатени со вонредна состојба, пренесува Ројтерс.
Потезите се дел од планот на турската влада да го минимизира економското влијание на најлошиот земјотрес во модерната историја на Турција, во кој загинаа повеќе од 42.000 луѓе.
На 7 февруари, ден по разорниот земјотрес, турскиот парламент воведе тримесечна вонредна состојба на барање на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Владата понуди и поддршка за платите и воведе забрана за отпуштања во обид да го ублажи економскиот удар од пандемијата на коронавирус, пишува Ројтерс.
