Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова надеж за цивили од пет градови: Русите велат дека ќе го прекинат огнот за да излезат

Нова надеж за цивили од пет градови: Русите велат дека ќе го прекинат огнот за да излезат

Русија треба да обезбеди хуманитарни коридори за цивилите кои бегаат од Киев и четири други украински градови утрово во 8 часот по средноевропско време.

Шефот на рускиот одбранбен центар, Михаил Мизинцев, рече, според новинската агенција Тас, дека руските сили ќе го „почитуваат режимот за прекин на огнот“ од 10 часот по московско време за да обезбедат безбедно минување на цивилите кои сакаат да го напуштат Киев, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол.

Останува нејасно дали предложените рути ќе минуваат низ Русија и Белорусија, на што украинската влада претходно се спротивстави.

Цивилите во вторникот почнаа да го напуштаат опколениот Суми, во источна Украина, во првиот успешен „хуманитарен коридор“ што се отвори од почетокот на руската инвазија.

Откако Русија го отвори коридорот од Суми, автобусите со бегалци се упатија на запад кон градот Полтава, само неколку часа по рускиот воздушен напад за кој регионалните власти соопштија дека погодил станбена област и убил 21 лице.


Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести