Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова мода меѓу азиските жени – Ќе пијат пиво “Hello Kitty”

Нова мода меѓу азиските жени – Ќе пијат пиво “Hello Kitty”
Популарното маче Хелоу Кити сега ќе се продава и на пиво. Имено, станува збор за азиски производ кој се продава во Кина и Тајван, пиво со четири вкусови: праска, лимон – лимета, егзотично овошје и банана. Пивото има мал процент на алкохол, односно двојно помалку од обично пиво. Овој сладок и безалкохолен пијалок треба да ги освои жените во Азија, кои генерално не пијат алкохол, освен понекогаш пиво. Оние кои го пробале пивото велат дека е неверојатно вкусно и не може да се примети дека е пиво, односно наликува на овошен сок. Санрио, сопственикот на брендот Хело Кити потенцира дека пивото не е за деца, туку е наменето за жените што буквално пораснале со Хелоу Кити. Производот го прави пиварата Лонг Чуан од Тајван која е втор по големина домашен производител.  
Слично

Поврзани вести