НОВА МНОГУ ОПАСНА ФАЗА НА КОВИД: Рекордни 150.000 новозаразени во светот само са 24 часа
Светската
здравствена организација предупредува дека корона вирусот сега е во нова фаза и
според нив станува збор за огромна опасност од пандемијата. Генералниот
директор на СЗО, Тедрос Аданом изјави дека, смртоносниот корона вирус брзо се
шири во сите земји во светот, па само за последните 24 часа се регистрирани рекордни
150.000 нови случаи.
- Светот сега е во нова и опасна фаза. Разбирливо, многу луѓе се уморни од тоа да бидат дома цело време. Земјите едвај чекаат да ги отворат своите општества и економии. Но, вирусот се шири брзо. Тој сè уште е смртоносен, а повеќето луѓе сè уште се подложни на него, изјави Тедрос. Заразата се многу брзо се шири на Балканот. Во Албанија, кеде состојбата се држеше под контрола цели два и пол месеци со едноцифрени бројки на новозаразени, во последното деноноќие бројот изнесува последното има 66 нови случаи. Расте бројот и во соседна Србија. Таму вкупниот број на инфицирани е повеќе од 12.000 заразени, а досега починаа 260 луѓе, во Грција пак има 190 починати, а вкупниот број на заразени е повеќе од 3.200.
На светско ниво, повеќе од 8 и пол милиони луѓе се инфицирани со Ковид-19.
