Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА МИСИЈА: Научниците ќе градат село на Месечината

НОВА МИСИЈА: Научниците ќе градат село на Месечината

Европски и руски вселенски агенции планираат нова мисија на Месечината со цел да откријат дали луѓето би можеле еден ден не само да ја посетат, туку и да живеат на неа.

Центарот на стратешки и меѓународни студии проценува дека изградбата на станица за само четири лица на Месечината би чинела 35 милијарди долари.

Но, астрофизичарот Тим Обрајан вели дека една база може да се изгради и од материјали кои веќе се на Месечината. Во моментов научниците ја испитуваат месечевата прашина и веруваат дека таму има вода и минерали.

Научниците до сега имаат сознанија дека на Месечината има мраз вода и дека во карпите има заробен кислород кој може да биде експлоатиран.

 И новиот директор на Европската вселенска агенција (ЕСА) Јохан Дитирих Вернер предлага да се изгради „лунарно село”  на Месечината.

Тој рече дека ова село би било Меѓународна вселенска станица и појдовна точка за патување во нова, далечна дестинација, како на пример Марс.

Слично

Поврзани вести