Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА КРИЗА? Украинскиот премиер Јаценјук поднесе оставка!

НОВА КРИЗА? Украинскиот премиер Јаценјук поднесе оставка!
Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук поднесе оставка заради распаѓањето на владејачката коалиција и блокирањето на владините иницијативи. „Во врска со распадот на парламентарната коалиција, како и со неприфаќањето на неколку важни предлог-закони, ја соопштувам својата оставка“, рекол Јаценјук во Парламентот. „Тоа што се случи денеска во Собранието ќе има многу сложени, ако не и драматични последици за земјата. Да даде Господ да грешам!“, додал премиерот во оставка. Претседателот на украинската Врховна Рада Александар Турчинов им наложил на пратениците да започнат консултации за именување на преоден претседател на Владата. Украинските медиуми јавуваат дека Турчинов побарал од Украинската демократска алијанса за реформи (УДАР) на поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко и од партијата на Слободата, кои денеска објавија дека излегуваат од владината коалиција, да изнесат предлог за „технички премиер“. Оставката на премиерот автоматски значи оставка на целиот состав на Владата, но актуелниот министерски кабинет ќе продолжи да работи до формирање на новата коалиција.  
Слично

Поврзани вести