Нова „кафена ноќна мора“ за Мекдоналдс
Еден од најпознатите судски процеси на сите времиња, денес има своја реприза - две Американки го тужат ланецот ресторани за брза храна, Мекдоналдс, бидејќи се изгореле на неговото кафе.
Мекдоналдс морал на почетокот на 1990-те години да исплати неверојатни половина милион долари отштета на пензионерка од Албукерки, Стели Либек, откако во скутот си истурила „премногу врело кафе“, а сега голема сума на пари на суд бараат и Џоан Фино и Паулета Кар.
Госпоѓа Фино од Калифорнија, која има 74 години, навела дека уште во август 2012 година, се здобила со „сериозни изгореници во пределот на препоните, кои и ден денес ја болат“, кога и се истурило кафето во скутот. Таа бара два милиони долари отштета.
„Болното чувство никако да престане, имам проблеми со спиењето поради тоа“, вели госпоѓа Фино.
Госпоѓа Кар не навела на кој дел од телото се здобила со повреди, колку се тие озбилни, ниту колкава сума на пари бара, но во тужбата се наведува дека се се слуќило во „драјв тру“ ресторан:
„Капакот на врелото кафе беше невнимателно и неисправно поставено на чашата, што доведе до тоа тој да се одвои додека чашата минуваше низ прозорецот, а врелата содржина се исутрила врз оштетената“, пишува во тужбата поднесена минатата недела.
Инаку, во историскиот случај Либек-Мекдоналдс, првобитно е пресудена отштета од дури 2,9 милиони долари, а потоа износот е намален на 640.000 долари. Понатаму, со спогодба е договорена непозната сума, за која се шпекулира дека изнесува околу 500.000 долари.
А.А.
Слично
