Нова истрага за поранешниот бразилски претседател, купувал пратеници
Бразилската полицијата почна истрага во врска со тврдењата дека поранешниот бразилски претседател Лула да Силва учествувал во „купувањето“ пратеници во државниот Конгрес. Под обвинение дека потплатувале пратеници во Конгресот за да гласаат за одредени закони, лани беа осудени двајца негови блиски соработници.
Во своето ново барање за истрага, обвинителство ќе ги проверува тврдењата на бизнисменот Маркос Валерио кој обвинува дека Да Силва лично го одобрил ова „купување“ на пратеници.
Валерио заработи 40 години затвор под обвинение дека раководел со мрежата преку која од тајни извори биле подмитувани пратеници за да гласаат за закони предложени од владејачката Партија на трудот на Да Силва.
Валерио, исто така, тврди дека Да Силва, кој беше претседател на Бразил од 2003 до 2010 година, користел пари од тие тајни сметки и за лични потреби.
