Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова истрага за Espirito Santo

Нова истрага за Espirito Santo
Швајцарскиот финансиски регулатор започна истрага на Banque Privee Espirito Santo SA (BPES) - швајцарска приватна банка, која е дел од групацијата Espirito Santo. Со седиште во Лозана, оваа банка е во сопственост на Espirito Santo Financial Group, која е под кредитна заштита од крајот на јули, откако западна во неволја поради акумулирани долгови. Espirito Santo Financial Group беше најголемиот акционер во португалската Banco Espirito Santo која на 4 август требаше да биде спасена со 4,9 милијарди евра. Според швајцарскиот регулатор FINMA фокусот на истрагата ќе падне врз улогата на швајцарската банка, која е во процес на доброволна ликвидација, при распределбата на хартии од вредност и финансиски производи за поголемата група. Освен тоа од FINMA објавен е дека е назначена независна трета страна, за да се разјаснат побрзо околностите околу проблемите. Во јули член на одборот на FINMA неочекувано ја напушти функцијата поради позиција која ја вршеше во BPES. Во август од BPES изјавија дека ќе продадат голем дел од приватното банкарство на конкурентската швајцарска банка CBH Compagnie Bancaire Helvetique SA откако FINMA му нареди на врвот да најде купувач за дел од своите средства. К.К.
Слично

Поврзани вести