НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден
Чеченскиот лидер Рамазан Кадиров го назначи својот 16-годишен син за надзорник на школата за специјалци.
Кадиров изјави дека го назначил својот син за надзорник на школата за обука на чеченските специјални сили во Гудермес.
Адам Кадиров (16) стана озлогласен лани во август, откако на интернет беше објавена снимка на која тој го тепа рускиот тинејџер Никита Журавел, кого го уапсија поради палење на Куранот.
Кадиров тогаш изјави дека е горд на својот син и дека го почитува затоа што стекнал „идеали за чест, достоинство и одбрана на својата вера“.
По инцидентот, тој доби награди и почести, вклучително и една за „значаен личен придонес во зајакнувањето на исламот и одбраната на неговите вредности“.
Лани Адам Кадиров беше назначен за главен телохранител на неговиот татко и назначен за набљудувач на новиот стрелачки баталјон.
