Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова финансиска рампа за Чешка од ЕУ

Нова финансиска рампа за Чешка од ЕУ
ЕУ повторно ја запре исплатата на Чешка на дотациите од европските фондови во вредност од 3,7 милијарди евра, поради можен судир на интереси и лош систем на контрола. Ако не успее да се договори со Европската комисија, на Чешка и се заканува казна, а во секо јслучај поголем дефицит на државниот буџет, бидејќи ќе мора да ги исплати во целина некои од проектите кои ги одобрила, иако за нив ЕУ нема да даде пари. На Чешка и се замрзнати 3,7 милијарди евра за програмата Бизнис и иновации, поради слабиот систем на контрола кој овозможува злоупотреби, како и за регионалната оперативна програма за централна Чешка, бидејќи тука излегоа на виделина огромни махинации по апсењето на пратеникот и претседател на регионалната власт, Давид Рат, во 2012 година, во момент кога примаше мито. „ЕК утврди дека постојат проблеми кои мора да се решат, со цел да се продолжи исплатувањето на средства“, изјави за „Млад фронт Днес“, портпаролот на ЕК, Анемари Хуберт. Главниот проблем на оперативната програма Бизнис и иновации е тоа што контролата на проектот и трошењето на европските пари, Министерството за индустрија и трговија, одговорно за оваа програма, во 2009 година, го доверило на Еконосмката комора на Чешка. Според анализата на Европската агенција за борба против злоупотребите, бидејќи членовите на Еконосмката комора и претпријатијата кои добиваат европски дотации се во судир нанинетреси, не е исклучено да се исплатени стотици милиони евра за проекти кои при темелна контрола, не би ги добиле.   А.А.
Слично

Поврзани вести