Нова ера на процесирање најавува Интел
Претседателот на корпорацијата Интел, Рене Џејмс денеска ги истакна деталите за зголемената понуда на производи за процесирање и комуникација од најмалите уреди до најсложените мобилни мрежи. Производите се дизјанирани за да се натпреваруваат во светот на мобилната технологија и да започнат нова ера на процесирање, односно мрежата од работи таканаречена „Internet of Things“ (IoT).
На прес конференцијата на Интел, Џејмс ги претстави двата нови процесори Интел Атом и LTE платформата за напредни комуникации и најави повеќегодишни договори со Lenovo, Asus и Foxconn со цел да ја зголеми достапноста на мобилни уреди базирани на Интел технологија. Со зголемената побарувачка за мобилни и поврзани уреди во мрежата од работи, таа истакна како Интел воведува новини во мрежната инфраструктура со цел да се намалат трошоците и да им помогне на обезбедувачите на услуги да испорачуваат подобри искуства за корисниците и нови услуги.
„Продолжувањето на развојот на мобилната технологија зависи од решавањето на предизвиците околу тешкото процесирање односно откривање на потенцијалите на податоците додека истовремено се приклучуваат милијарди уреди на безбеден и сигурен начин со помош на водечка технологија,“ изјави Џејмс. „Денес објавуваме нови производи и платформи. Како резултат на тоа, Интел е на добар пат да ја предводи иднината на мобилното процесирање и мрежата на работи (IoT).“
