Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КЕЛН - едно лице е повредено, полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа

НОВА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КЕЛН - едно лице е повредено, полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа

Два дена по експлозијата во ноќен клуб, рано утринава во Келн се случила експлозија пред продавница за облека во тој германски град, во која едно лице е полесно повредено, јавуваат германските медиуми.

Полицијата е на местото на настанот, во улицата Ерен, како и итната помош, која добила пријава околу 5 часот утринава. Полициските службеници ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.

Фотографиите на германските портали покажуваат оштетен излог. Во експлозија пред два дена, на неколку стотини метри од улицата Ерен, повредена е чистачка, пренесуваат медиумите.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести