НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото
Новата дрога
ксилазин, попозната како
„зомби дрога“ или „транк“, ги освојува американските и британските улици.
Исклучително е опасна бидејќи
е комбиниран со хероин и фентанил.
Имено, за да се намалат трошоците за производство на хероин, на него се додаваат силниот синтетички опиоид фентанил и смирувачот за животни ксилазин. Всушност, во некои случаи дури 90 проценти од хероинот е токму „дрогата зомби“. Неговата практична употреба е во ветеринарната медицина, за поттикнување на седација, ублажување на болката и релаксација на мускулите. Не е одобрено за човечка употреба. Тој е психоактивен и го засилува доживувањето, поради што ужива огромна популарност меѓу зависниците.
Од друга страна, фентанил е лек со кратко дејство, а додавањето на ксилазин го продолжува чувството на еуфорија што се добива со цел да се имитираат ефектите на хероинот, пренесува Klik.hr.
Затоа зависниците не ни знаат што земаат, а тоа може да резултира со предозирање, што се покажува како се поголем проблем. Во текот на 2021 година се регистрирани повеќе од 100.000 случаи на предозирање, најмногу во последните две децении.
Голем проблем со земање ксилазин е создавањето на отворени рани како што се кожни чиреви и апсцеси. Со долготрајна употреба, овие лезии може да се прошират на рацете и нозете, предизвикувајќи смрт на ткивото, па оттука и неговиот прекар – зомби дрога.
ФОТО: Unsplash