Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ДРАМА ВО ПАРИЗ: Вооружен маж со бомба и калашников држи заложници во пошта

НОВА ДРАМА ВО ПАРИЗ: Вооружен маж со бомба и калашников држи заложници во пошта
Вооружен маж денес околу пладне зеде како заложници неколку лица во пошта во Коломб во близина на Париз, соопштуваат полициските органи, а за сега нема назнака дали овој инцидент е поврзан со минатонеделните исламистички напади, пренесуваат француските медиуми. Заложничката криза почнала пред дванаесет часа, откако мажот со бомба и калашников се затворил во просториите на поштата, како што соопштува полициските органи, кои за сега не може да прецизираат колку лица се наоѓаат во рацете на киднаперот. pariz2 Некои од полициските извори наведуваат дека најмалку едно вооружено лице држи како заложници од две до пет лица, пренесува Фигаро. Областа ја надгледува еден хеликоптер на безбедносните служби. Како што може да се види од фотографиите  поставени на „Твитер“ на лице место се наоѓаат голем број полициски службеници, како и претставници на обвинителството. Агенцијата „Тасс“ наведува, повикувајќи се на француската телевизија „BFM“, дека не станува збор за терористички напад. Истовремено, останатите медиумите наведуваат дека напаѓачот е вооружен со малокалибарско оружје и дека со себе држи осум заложници, пренесува „Тасс“.  
Слично

Поврзани вести