Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ДРАМА: Авион на „Ер Азија“ ја промашил пистата на Филипините

НОВА ДРАМА: Авион на „Ер Азија“ ја промашил пистата на Филипините

Додека светот уште е во пок од трагедијата која се случи во неделата утрово кога авион на комапнијата „Ер Азија“ се изгуби од радарот и денеска беше откриен на дното на Јаванско море во кое пливаа остатоци од телата и авионот, нова драма на оваа компанија ја потресе јавноста.

Авион на компанијата „Ер Азија Зест“ денеска ја промашил пистата при слетување после бурното невреме во централниот дел на Филипините, при што леталото претрпело оштетување, но нема информации за повредените.

Патниците се евакуирани со помош на тобоган на дување, а аеродромот во градот Калибо ќе биде затворен за сообраќај додека авионот, чии три тркала се нашле заглевени во кал и кои претрпеле оштетување, не биде одвелечен од пистата, соопштуваат филипските Цивилни управи за летање.

Тропската бура покренала лизгање на земјиштата и предизвикала поплави во јужните и централните делови на Филипините, а најмалку 31 лице загинале, додека седум се водат како исчезнати, ајвува АФП.

Градот Калибо, 350 км јужно од Манило, е вразан со популарната туристичката дестинација Боракеј.

Овој инцидент се случил откако авионот на компанијата „Ер Азија“ во неделата падна во Јаванско море, во текот на летот од Индодезија до Сингапур, во кој се наоѓаат 162 патници и членови на екипажот.

Телата на настраданите и остатоците од авионот се забележани денеска во индонезиските води. Извлечени се 40 тела од исчезнатиот авион.

Нискобуџетната компанија „Ер Азија Зест“ делумно се наоѓа во сопственост на филипинскиот огранок на компанијата „Ер Азија“.

Слично

Поврзани вести