Нова акција во Украина – повторно има мртви!
Нови судири избувнаа утрово меѓу украинската војска и проруските приврзаници во источните делови на земјата. Според украинскиот министер за полиција Арсен Аваков, во судирите има и загинати припадници на безбедносните сили.
Истрели од огнено оружје се слушаат во околината на Славјанск, еден од неколкуте источни украински градови кои во текот на викендот беа под контрола на „силите за самоодбрана“.
Според руски агенции, во судирите има најмалку 11 повредени. Аваков, пак, потврди дека во тек е нова акција на војската и оти има најмалку осум повредени украински војници, додека точниот број за загинати сеуште се проверува.
Во градот е огласена тревога. Во останатите градови на истоткот на Украина засега е мирно, но исклучително напнато.
Слично
