Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов Зеланд воведува радикални мерки по масакрот во џамиите

Нов Зеланд воведува радикални мерки по масакрот во џамиите

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека земјата ќе забрани употреба на полуавтоматско оружје како одговор на двојниот терористички напад во џамиите во градот Крајстчерч.

Ардерн изјавила дека очекува дека новиот закон за забрана на ова оружје ќе стапи на сила на 11 април.

„Историјата засекогаш ни се промени. Сега ќе се променат и законите“ - вели премиерката. 

Во терористичкиот напад во петокот Брентон Тарант уби 50 луѓе. 

Во меѓувреме, почнаа да се одржуваат погребите за 50-те жртви од двата напади. Полицијата соопшти дека сите тела се идентификувани.

Слично

Поврзани вести