Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов Зеланд го победи Ковид-19

Нов Зеланд го победи Ковид-19

Нов Зеланд го победи вирусот, изјави денеска премиерката Џацинда Ардерн, нагласувајќи дека повеќе нема неоткриен пренос на болеста. Во земјата беа воведени 5 неделни рестрикции, а од денеска највисокиот четврти степен на опасност ќе биде спуштен за едно ниво. Тоа, како што изјваи Ардерн ќе значи дека некои компании, ресторани кои нудат храна за носење и образовни институции можат да продолжат да работат.

Но, според неа социјалната дистанца за сега останува една од најсилните превенции.

„Нема да ризикувам да го изгубиме ова што го постигнавме на здравствен план на Новозеланѓаните. Значи, ако мора да останеме на трето ниво на опасност, така и ќе биде“, рече таа. Во Нов Зеланд до сега се регистрирани вкупно 1.122 пациенти заразени со вирусот, а починаа само 19 луѓе. од вкупно пет милиони жители.


Слично

Поврзани вести