Нов Зеланд бара странски работници, локалните многу „забушавале“
Нов Зеланд мора да се потпира на странски работници, бидејќи премногу од локалните жители користат дрога и „не сакаат да одат на работа“, изјави премиерот на островската држава Џон Кеј, цитиран од The Telegraph.
Бранејќи го рекордниот број привлечени мигранти, премиерот изјави дека неговата земја треба да увезува работници, дури за нискоквалификувани професии, бидејќи не сите локални жители се соодветни или се подготвени да се преселат во помалку пожелни области.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/16/rabota-i-zhivot-vo-nov-zeland-zoshto-da-ne-kako-najlesno-da-najdete-rabota-tamu/" target="blank" ]Работа и живот во Нов Зеланд? Зошто да не! – Како најлесно да најдете работа таму![/button]
Владата се обидува да го намали увозот на работна сила од островите на Пацификот , зафатени со земјоделството, но локалните фармери не сакаат да вработуваат невработени новозеландци.
„Одете и прашајте ги работодавачите, тие ќе ви кажат дека некои од овие луѓе нема да поминат тест за дрога, други нема да одат редовно на работа или ќе се оправдуваат со здравствени проблеми“, рекол премиерот пред националното радио.
Според него има луѓе кои би се промениле, но тие едноставно живеат на погрешно место и не може да ги покријат потребните услови за работа.
Рекордните 69 илјади мигранти се населиле во 4,7-милионската држава минатата година, а други 200 илјади добиле привремени работни визи.
Тоа ја поттикна опозицијата да повика на ограничување на миграцијата, за да се заштитат локалните работници.
Локални синдикати ги најавија зборовите на премиерот за „политички трик“.
„Демонизирајќи ги новозеландските работници и откажувајќи им шанса за разумна работа и слични позиции не е вистинскиот начин", изјави синдикалниот лидер Ричард Уагстаф.
Локалните фармери сепак го поддржаа на премиерот.
„Покрај времето, работната рака е една од најпроблематичните работи во овој бизнис .. Ако имам потреба од 30 лица, најмувам 40, бидејќи во просек доаѓаат само по 30 ден. Тие едноставно не доаѓаат на работа, можеби не можат да си обезбедат превоз, не знам. Едноставно не можеш да се потпреш на нив“, вели земјопоседникот Леон Сталард.
Во февруари мало новозеландско гратче влезе во медиумските наслови, откако понуди 190 илјади фунти годишна плата за позицијата Џуниор општ лекар, но за работата немаше кандидати во текот на 2 години.
Никој од лекарите во големите градови не пројави интерес и работното место остана празно дури до промоцијата во медиумите, кога сепак се најде кандидат.
